• четврток, 25 декември 2025

Пратенички прашања во законодавниот дом

Пратенички прашања во законодавниот дом

Скопје, 25 декември 2025 (МИА) - Собранието на Република Северна Македонија денеска ќе ја одржи 78. седница со единствена точка на дневен ред - поставување  пратенички прашања.

Вообичаено, овие пленарни седници се одржуваат секој последен четврток во месецот.

Согласно Деловникот, прашања до премиерот и министрите први поставуваат пратениците од опозицијата.

Според новиот Деловник, од 21 ноември лани еднаш месечно се одржува и седница за пратенички прашања од опозициските пратеници и трае два часа.

Претседателот на Собранието, Африм Гаши денеска ќе одржи неформална средба со претставници на медиумите, на која ќе се разговара за тековните и идните активности на законодавниот дом. фф/мд/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан