• четврток, 25 декември 2025

Празничната програма во Куманово почнува од вечер, наменета за сите генерации

Празничната програма во Куманово почнува од вечер, наменета за сите генерации

Куманово, 19 декември 2025 (МИА) - Забава за најмалите, програма за повозрасните, настапи на локални бендови од Куманово и од македонската музичка сцена ќе се одржат пред Нова година во Куманово, информираа на денешната прес-конференција, надлежните од секторот за култура и од фондацијата за култура кои се организатори на програмата, под покровителство на градоначалникот и Советот на општината.

-Програмата почнува вечерва со музички концерт „И повторн евергрини“ во 19 часот во занаетчискиот дом. Ќе настапат Лидија Кочовска, Влатко Груевски, познат оперски пејач и Андреј Наунов пијано, влезот е слободен, изјави директорката на фондацијата, Сања Давидовиќ.

На 24-ти декември во 13 часот во занаетчискиот дом ќе гостува алтерантивен театар „Отпишани“ од Скопје со претставата „Добриот и лошиот Дедо Мраз“, наменета за деца од 3 до 12 годишна возраст. На 26 декември пак е стендап на познатиот Жарко Јовановиќ со почеток в 19. 30 во занаетчискиот дом.

Раководителот на секторот за култра, Александар Крстевски, кажа дека на 27 и на 28 декември ќе има програма наменета за сите. На 27-ми со почеток во 12 часот ќе има програма за најмладите со Дедо мраз, маскоти, ќе бидат поделени пакетчиња.

- Во овој дел поддршка имаме и од општествено договорни компании, кои наместо прослава за своите вработени решија, да ги донираат средствата за пакетчиња за најранливите категории. Апелирам и останатите да се приклучат кон вакви акции, рече Крстевски.

Во текот на денот ќе настапат седум локални изведувачи на градскиот плоштад. Наредниот ден забавата почнува од 16 часот ќе има настап на кумановски и македонски пејачи.Надлежните ги повикаа кумановци да ги проследат настапите на пејачите. ам/вг/


Фото МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан