• петок, 20 февруари 2026

Почнува турнирот во мал фудбал – Работнички спортски игри 2026 во Берово

Почнува турнирот во мал фудбал – Работнички спортски игри 2026 во Берово

Берово, 19 февруари 2026 (МИА) - Во спортската сала „Македонски Бранители“ во Берово денеска ќе започнат Работничките спортски игри 2026, турнир во мал фудбал, во организација и под покровителство на Општина Берово.

На турнирот ќе учествуваат повеќе екипи, поделени во две групи, а натпреварите ќе се играат по систем „секој со секој“.

-По завршување на групната фаза, најдобрите екипи ќе обезбедат пласман во завршницата на турнирот. За најуспешните екипи и поединци се предвидени награди, а целта на манифестацијата е промоција на спортот, дружењето и спортскиот дух меѓу вработените, информираа од Општина Берово.

Работничките спортски игри 2026 ќе се одржуваат во наредниот период, а Општина Берово упати повик до сите учесници и љубители на спортот за фер и коректна игра.

Турнирот свечено ќе го отвори градоначалникот на Општина Берово, Петар Ружински, со почеток во 18:00 часот. вс/ац/

Фото: Општина Берово

Остани поврзан