• понеделник, 19 јануари 2026

Почна снимањето на долгометражниот игран филм „Голиот Рид“, во режија на Игор Алексов

Почна снимањето на долгометражниот игран филм „Голиот Рид“, во режија на Игор Алексов

Скопје, 29 декември 2025 (МИА) - Започна снимањето на долгометражниот игран филм „Голиот Рид“, во режија на Игор Алексов, а во продукција на City Star.

„Голиот Рид“ е трилер кој  акцентот го става на напнатата атмосфера, психолошката длабочина на ликовите и современиот визуелен пристап.

-Филмот се реализира со домашна екипа и актерска постава, а снимањето ќе се одвива на повеќе локации низ Македонија, наведуваат од продукциската куќа.

Проектот, се посочува, претставува уште еден значаен чекор во развојот на македонската филмска продукција и во афирмацијата на жанровскиот филм. вг/

Фото: Продукција City Star

Остани поврзан