• четврток, 25 декември 2025

Почина актерот Лазе Манасков

Почина актерот Лазе Манасков

Скопје, 20 декември 2025 (МИА) - На 67-годишна возраст денеска почина македонскиот актер Лазе Манасков.

-Со длабоко жалење ве известуваме дека нашиот актер и долгогодишен колега Лазе Манасков почина денеска. Вечерашната изведба на претставата „Куршуми над Бродвеј" ќе биде изведена во негова чест! Нека му е вечна слава!, наведуваат од Драмски театар.

Манасков е роден во 1958 година. Дипломирал на Факултетот за драмски уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Во 1983 година се вработил како актер во Драмски театар - Скопје и работи сѐ до неговото пензионирање во 2022 година. 

Ќе остане познат по своите улоги во „Исцелител“, „Сенки“, „Трст виа Скопје“, „Еурека“, „Солунски патрдии“, Македонски народни приказни, „Преспав“, „Пусто турско“. нд/аа/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан