Потпишан Меморандум за соработка меѓу Здружението „Зошто“ и Општина Пустец
- Здружението на Македонците од Албанија во Македонија – „Зошто“ денеска потпиша Меморандум за соработка со Општина Пустец и градоначаникот Пали Колефски, информираше за МИА, претседателот Панди Јани.
Дебар, 18 декември 2025 (МИА) - Здружението на Македонците од Албанија во Македонија – „Зошто“ денеска потпиша Меморандум за соработка со Општина Пустец и градоначаникот Пали Колефски, информираше за МИА, претседателот Панди Јани.
Додаде дека со овој меморандум се воспоставува рамка за заедничка соработка и партнерство во областа на културата, образованието и општествените активности, со посебен акцент на зачувување, унапредување и афирмација на македонскиот јазик, култура, традиција и национален идентитет.
Соработката има за цел јакнење на врските меѓу институциите и македонската заедница од двете страни на границата, како и реализација на заеднички проекти и иницијативи од взаемен интерес.
- Од име на здружението изразувам благодарност до Општина Пустец за отвореноста, довербата и подготвеноста за соработка, уверени дека ова партнерство ќе придонесе за конкретни резултати и долгорочни придобивки за македонската заедница. Заедно градиме мостови на соработка и единство, нагласи Јани, кој во Пустец беше заедно со Спиро Малески, секретар на здружението.
Деновиве здружението, меморандум за соработка потпиша со Општина Кичево а пред тоа и со Општина Ресен. вт/са/
Фото: Здружение „Зошто"