• вторник, 31 март 2026

Потпишан колективниот договор за зголемување на платите во Министерството за правда

Потпишан колективниот договор за зголемување на платите во Министерството за правда

Скопје, 31 март 2026 (МИА) - Министерот за правда Игор Филков, заедно со Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓаните (УПОЗ) и Синдикатот на администрацијата, државната управа и правосудството (САДУ), денеска го потпиша колективниот договор со кој е предвидено административните службеници да добијат етапно зголемување на платите, кое до 2028 година што ќе достигне вкупно 21 отсто.

Како што соопшти Министерството за правда, според договорената динамика, зголемувањето ќе се реализира во три фази - седум отсто зголемување од 1 март 2026 година; седум отсто дополнително зголемување од 1 март 2027 година и седум проценти дополнително зголемување од 1 март 2028 година.

Колективниот договор исто така предвидува додатоци за ноќна смена, работа во смени, работа за време на неделен одмор, за време на празници, како и работа подолга од полното работно време; jубилејни награди; регрес за годишен одмор; заштита од вознемирување на работното место и мерки за безбедност и здравје при работа.

- За вработените во Министерството за правда, ова значи поголема мотивација, но и зголемена одговорност, ефикасност и професионалност во секојдневната работа, како и повисок квалитет на услугите кон граѓанит - стои во соопштението на Министерството за правда. нд/дма/

Фото: МП

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан