Потпишан анекс на Колективниот договор во Општина Делчево, зголемување на платите за вработените
- - Со тоа се решава долгогодишен, децениски проблем на професионалните пожарникари. Воедно, со измените во договорот се предвидува зголемување на платите и за сите вработени во Општина Делчево, истакна градоначалникот Гоцевски.
Делчево, 26 декември 2025 (МИА) - Градоначалникот на Делчево, Иван Гоцевски заедно со претседателот на УПОЗ, Трпе Деаноски и претседателката на синдикалната организација при Општина Делчево, Ивана Ивановска денеска потпишаа Анекс за измена и дополнување на Колективниот договор на Општина Делчево.
Со овој анекс се регулира и зголемува висината на платите на вработените во Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Делчево.
- Со тоа се решава долгогодишен, децениски проблем на професионалните пожарникари. Воедно, со измените во договорот се предвидува зголемување на платите и за сите вработени во Општина Делчево, истакна градоначалникот Гоцевски.
Од Општина Делчево посочуваат дека овој договор претставува значаен чекор кон унапредување на правата и статусот на вработените.
- На овој начин ќе имаме подобрување на условите за работа, како и зголемување на мотивацијата, стабилноста и ефикасноста во извршувањето на секојдневните работни обврски, подвлече градоначалникот на Делчево. вс/бак/
Фото: МИА