Поранешните европски шампиони одиграа без победник
- Во дуелот на поранешните европски шампиони од четвртфиналето од Лигата Европа синоќа Порто и Нотингем Форест одиграа нерешено 1:1
Порто, 10.април 2026 (МИА) – Во дуелот на поранешните европски шампиони од четвртфиналето од Лигата Европа синоќа Порто и Нотингем Форест одиграа нерешено 1:1. Тоа беше еден од трите одиграни дуели во ова натпреварување. Порто поведе со голот на Вилијам Гомеш во 11.минута, а две минути подоцна со автоголот на Мартим Фернандеш резултатот беше изедначен.
На другите два дуела одиграни синоќа: Болоња – Астон Вила 1:3 и Фрајбург – Селта 3:0. Во средата Брага и Бетис одиграа нерешено 1:1.
Реванш дуелите се играат на 16.април (четврток). мн/
Фото: ЕПА