• петок, 17 април 2026

Поранешниот бразилски претседател Болсонаро е пуштен од болница

Поранешниот бразилски претседател Болсонаро е пуштен од болница

Бразилија, 27 март 2026 (МИА) - Поранешниот бразилски претседател, Жаир Болсонаро, денеска е пуштен од болница  и ќе продолжи да ја отслужува 27-годишната затворска казна во својата резиденција во луксузен затворен комплекс, на која беше осуден за обидот за државен удар.

Врховниот суд му го одобри на Болсонаро правото на домашен притвор претходно оваа недела поради лоша здравствена состојба.

Оваа мерка може да се ревидира во рок од 90 дена.

Болсонаро ја напушти болницата околу 10 часот по локално време и се упати кон населбата Жардим Ботанико, каде што пред пресудата живееше со сопругата Мишел Болсонаро и ќерката Лаура.

Тој беше примен во болница на 13 март со пневмонија, еден од неколкуте здравствени проблеми со кои се соочи по обидот за атентат во 2018 година.

Болсонаро беше на власт од 2019 до 2022 година и тесно ги загуби изборите од сегашниот претседател Луиз Инасио Лула да Силва.сд/јт/

Фото:МИА архива

Остани поврзан