Пожар кај Арбанашко, Старо Нагоричане изгореа сува трева, смрека и дабова шума
- Сува трева, смрека и мешовита дабова шума изгореа вчера попладне кај селото Арбанашко во општина Старо Нагоричане, информираа од надлежните служби. Пожарот бил локализиран по неколкучасовна интервенција на пожарникарите, со поддршка на полицијата.
Куманово, 19 април 2026 (МИА) - Сува трева, смрека и мешовита дабова шума изгореа вечра кај село Арбанашко во општина Старо Нагоричане, информираа денеска од Територијалната противпожарна единица Старо Нагоричане и од Регионалниот центар за управување со кризи.

-Гореше мешана шума во село Арбаншко, станува збор за плаинско село. Успеавме да го изгасиме по неколку часовна интервенција - изјави команирот на ТППЕ, Далибор Трајковски.

Според информацијата вчера во 16:50 часот село Арбанашко горела сува трева, смрека, мешовита шума. Пожарникарите интервенирале со две противпожарни возила и седум пожарникари, во интервенцијата се вклучиле и припадници на МВР, од Полициската станица Старо Нагоричане. Интервенцијата траела до 20:40 часот. ам/ац/
Фото: ТППЕ Старо Нагоричане