• сабота, 21 февруари 2026

Повредено дете на булевар во Куманово

Повредено  дете  на булевар во Куманово

Куманово, 6 февруари 2026 (МИА) - Малолетно лице е повредено откако во него удрил автомобил во Куманово, соопшти денеска полицијата.

-Вчера во 19:10 часот во СВР Куманово пријавено e дека на булевар „Октомвриска револуција“ во Куманово се случила сообраќајна незгода во која патничко моторно возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки управувано од С.В.(23) удрило во седумгодишна малолетничка, соопшти полицијата.

Девојчето е повредено, констатирале лекарите во општа болница Куманово од каде е префрлено во комплекост клиники  „Мајка Тереза“. Увид извршила екипа од СВР Куманово. ам/вј/

Фото: МИА

Остани поврзан