Повик за регионалните центри за стручно образование и обука за акредитација на понудувачи на услуги за валидација
- Врз основа на Законот за образование на возрасните, ЈУ Центар за образование на возрасните - Скопје објави повик за регионалните центри за стручно образование и обука кои се заинтересирани да се пријават за акредитација на понудувач на услуга за валидација за квалификациите: производител на млечни производи; администратор на веб-страница; управувач со трактор; изработувач на пица; барист и пчелар.
Скопје, 19 февруари 2026 (МИА) - Врз основа на Законот за образование на возрасните, ЈУ Центар за образование на возрасните - Скопје објави повик за регионалните центри за стручно образованиe и обука кои се заинтересирани да се пријават за акредитација на понудувач на услуга за валидација за квалификациите: производител на млечни производи; администратор на веб-страница; управувач со трактор; изработувач на пица; барист и пчелар.
- Понудувачот на услугa за валидација може да го спроведува процесот на валидација доколку има простор, опрема и кадар соодветен за спроведување на процесот на валидација за конкретната квалификација за што поднесува барање за акредитација на понудувачи на услуги за валидација до Центарот за образование на возрасните - стои во повикот објавен на веб-страницата на Министерството за образование и наука.
Во објавата се наведени документите што треба да бидат доставени со барањето за акредитација на понудувач на услуга за валидација, трошоците за акредитација (15.000 денари), трансакциската сметка и адресата на ЈУ Центар за образование на возрасни.
Јавниот повик трае десет дена од денот на објавувањето на интернет-страницата на Центарот (/www.cov.gov.mk) и на МОН. Пријавите се доставуваат најдоцна до 27 февруари 2026. хс/паг/
Фото: МИА архива