Повик за млади уметници и креативци: Осмели се, инспирирај, промени – политичкиoт интегритет низ очите на младите
- Младите уметници и креативци до 29 години имаат можност преку својата уметност да проговорат за корупцијата, политичката одговорност и потребата од транспарентност, преку јавен повик „Осмели се, инспирирај, промени – Политичкиот интегритет низ очите на младите“.
Скопје, 26 декември 2025 (МИА) - Младите уметници и креативци до 29 години имаат можност преку својата уметност да проговорат за корупцијата, политичката одговорност и потребата од транспарентност, преку јавен повик „Осмели се, инспирирај, промени – Политичкиот интегритет низ очите
на младите“.
Повикот (детали во линкот) е наменет за визуелни уметници, дизајнери и креативци кои работат со илустрација, постер, графички дизајн, дигитален колаж или други форми на дигитален визуелен израз. Учесниците треба да изработат дело во А3 формат што на јасен и разбирлив начин ќе го прикаже влијанието на корупцијата врз секојдневниот живот, ќе ја разоткрие врската меѓу политичката моќ и одговорноста и ќе ги мотивира граѓаните, особено младите, жените и малцинствата да бараат отчетност и транспарентност.
Организаторите, платформата „Лице в лице“ наведуваат дека се охрабруваат храбри, оригинални и провокативни дела кои ќе ја доближат сложената тема на политичкиот интегритет до пошироката јавност и ќе поттикнат критичко размислување.
Рокот за пријавување е 12 јануари 2026 година, до крајот на денот. вг/
Фото: платформа „Лице в лице“