Пињо: ЕК имаше право да ја прифати поканата за учество во Одборот за мир
- „Во надлежност на Комисијата е да прифаќа покани од ваков тип“, изјави Пињо за новинарите во Брисел нагласувајќи дека присуството на состанокот не значи поддршка за иницијативата, објавија британските медиуми.
Брисел, 20 февруари 2026 (МИА) - Европската комисија (ЕК) имаше право да ја прифати поканата за учество на првиот состанок на Одборот за мир инициран од американскиот претседател Доналд Трамп и покрај критиките од некои земји членки - изјави портпаролката на ЕК, Паула Пињо.
„Во надлежност на Комисијата е да прифаќа покани од ваков тип“, изјави Пињо за новинарите во Брисел нагласувајќи дека присуството на состанокот не значи поддршка за иницијативата, објавија британските медиуми.
Шефот на француската дипломатија, Жан-Ноел Баро, оцени дека ЕК не требало да ја прифати поканата бидејќи не добила мандат за тоа од Советот.
Пињо нагласи дека учеството на ЕК е знак на посветеност кон Палестина и обновата на Газа, а не поддршка за самиот Одбор за мир.сд/мс/
Фото:МИА архива