• четврток, 04 јуни 2026

Петти Спортски игри Велес

Петти Спортски игри Велес

Велес, 28 мај 2026 (МИА) - Во Градскиот парк во Велес од 1 до 6 јуни ќе се  одржи  јубилејното 5. издание на Спортски игри Велес. На игрите ќе учествуваат  повеќе од 700 натпреварувачи  од кои над 100 странски натпреварувачи од 11 земји од: Србија, Црна Гора, Турција, Америка,, Италија, Шпанија, Куба, Иран, Германија и Албанија и Македонија. Меѓу  нив ќе бидат и познати спортски имиња ќе си ги одмерат силите во одбојка на песок, 3х3 баскет, фудбал и тенис, информира на денешната прес-конференција Бубе Црвенпанов организатор на игрите и ги повика велешани и од жителите другите градови да дојдат во Велес и да уживаат во спортските игри. 

Воедно Црвенпанов им се заблагодари и на поддршката што ја имаат од Општина Велес и Државна видеолотарија на Македонија, јавните претпријатија од градот и повеќе фирми спонзори.

Градоначалникот на Општина Велес Марко Колев која ги поддржува спортските игри од самиот почеток потсети дека идејата за овие спортски игри му била претставена пред пет години и ја прифатил и до ден денес истите ги поддржуваат и ја имаат масималната поддршка од општината и од Советот на Општина Велес.

- Ова вреди да се поддржува бидејќи се’ што е поврзана со култура и спорт ги обединува нашите граѓани и значи насмевки за публиката и уживање во спортот и воено поттикнување за се’ поголемо учество во спортските игри, појасни Колев.

Тој информира дека наградниот фонд за освојувачите на 1 во 2 ро и трет место е над 1 милион денари, а поддршката од Општина Велес е 600 илјади денари и целата логистика поддршка, како уредување на паркот и ангажирање на ЈКП „Дервен“ како и ЈП „Парк спорт и паркинзи“ и Домот на средношколци „Лазар Лазаревски и голем број на фирми поддржувачи. ад/

ФОТО МИА

 

 

 

 

Остани поврзан