• недела, 08 март 2026

Пезешкијан: Непријателот погрешно ги интерпретираше моите изјави за да посее раздор

Пезешкијан: Непријателот погрешно ги интерпретираше моите изјави за да посее раздор

Техеран, 8 март 2026 (МИА) - Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан изјави дека неговите изјави биле „погрешно интерпретирани од непријателот, кој се обидува да посее раздор меѓу соседите“, објави утрово иранската државна телевизија.

Пезешкијан го изјави ова откако неговото вчерашно извинување за иранските напади врз земјите во регионот беше протолкувано како одлука за прекин на ударите врз државите од Персискиот Залив, иако нападите продолжија.

- Повеќепати е кажано дека ние сме браќа и треба да имаме добри односи со соседите. Сепак, принудени сме да одговориме на нападите, но тоа не значи дека имаме спор со некоја соседна земја или дека сакаме да го вознемириме нејзиниот народ, нагласи иранскиот претседател. ссм/

фото: архива

Остани поврзан