„Паланечка дума“ – прва антологија на автори од Крива Паланка
- Вкупно 33 роднокрајни автори од Крива Паланка и околината се застапени во првата публикувана антологија на кривопаланечки автори насловена „Паланечка дума“ што синоќа беше промовирана во библиотеката „Кочо Рацин“ при Националната установа Центар за култура Крива Паланка.
Крива Паланка, 19 декември 2025 (МИА) - Вкупно 33 роднокрајни автори од Крива Паланка и околината се застапени во првата публикувана антологија на кривопаланечки автори насловена „Паланечка дума“ што синоќа беше промовирана во библиотеката „Кочо Рацин“ при Националната установа Центар за култура Крива Паланка.
-Овој труд не е само сведоштво за индивидуалното творештво на нашите сограѓани, туку и доказ за колективниот дух и богатата културна традиција што ја негува и изразува нашата заедница. НУ Центар за култура Крива Паланка има мисија да го зачува, валоризира и промовира сето она што претставува богато духовно и културно богатство на локално ниво. Но уште поважно има за задача да биде поттик и поддршка на авторите кои со својата посветеност и креативност оставаат траги на времето, рече Сашко Додевски, директор на НУ Центар за култура.
Алманахот, дополни, треба да послужи како инспирација за идните творци, како и да биде доказ дека Крива Паланка е место на таленти, идеи и визии.
На настанот, кој е дел од годишната програма на установата, а е финансиски поддржан од Општина Крива Паланка, сите присутни автори застапени во книгата прочитаа стихови или извадоци од книгата.ар/
Фото:МИА