Пакистан возврати на нападите од Авганистан
- Силите за безбедност на Пакистан одговорија на неиспровоцираното гранатирање од страна на авганистанските талибански сили на неколку точки долж границата, соопшти пакистанското Министерство за информации
Исламабад, 26 февруари 2026 (МИА) – Силите за безбедност на Пакистан одговорија на неиспровоцираното гранатирање од страна на авганистанските талибански сили на неколку точки долж границата, соопшти пакистанското Министерство за информации.
Пакистанското Министерство за информации на платформата Икс објави дека талибанците отвориле оган врз неколку сектори во провинџијата Хајбер-Пахтунхва и оти пакистанската армија „итно и ефикасно“ одговорила, нанесувајќи тешки загуби и уништувајќи голем број гранични пунктови и опрема.
Претходно, портпаролот на талибанци Забихулах Муџахид на Икс објави дека авганистанските сили напаѓаат цели во Пакистан, како одговор на пакистанските воздушни напади врз провинциите Нангархар и Пактија од пред неколку дена.
Пакистанската армија на 22 февруари изврши воздушни напади долж авганистанската граница, а цели беа камповите на Техрик-е-Талибан Пакистан и локалниот огранок на Исламска држава во источен Авганистан.
Според пакистанската армија во нападите елиминирани се најмалку 70 милитанти, додека според Кабул загинале десетици цивили, меѓу кои жени и деца. ми/
фото: ЕПА архива