Отворен јавен повик: 10.000 денари субвенција за полагање возачки испит за младите во Ѓорче Петров
- Со оваа мерка, општината продолжува со конкретна и директна поддршка на младите, овозможувајќи им полесен пристап до возачка дозвола – значаен чекор кон поголема мобилност, независност и подобри можности за вработување - се вели во соопштението од Општина Ѓорче Петров.
Скопје, 7 април 2026 (МИА) - Општина Ѓорче Петров официјално го објави јавниот повик за доделување субвенции во износ од 10.000 денари за полагање на возачки испит, наменет за млади лица кои за првпат аплицираат.
-Со оваа мерка, општината продолжува со конкретна и директна поддршка на младите, овозможувајќи им полесен пристап до возачка дозвола – значаен чекор кон поголема мобилност, независност и подобри можности за вработување - се вели во соопштението од Општина Ѓорче Петров.
Градоначалникот истакнал дека вложувањето во младите е клучен приоритет.
- Создаваме услови младите да напредуваат и да имаат еднакви можности за развој. Ова е инвестиција во нивната иднина, но и во иднината на целата заедница, рекол градоначалникот.
Право на аплицирање имаат жители на општина Ѓорче Петров кои за првпат полагаат возачки испит, согласно утврдените критериуми.
Повикот е отворен, а сите заинтересирани можат да аплицираат согласно условите објавени на официјалната веб-страница на општината. https://opstinagpetrov.gov.mk/javen_povik_subvencioniranje_vozacki_2026/
Општина Ѓорче Петров, велат оттаму, останува посветена на политики што носат реални придобивки и директна поддршка за граѓаните. сст/са/
Фото Општина Ѓорче Петров