Орбан: Украинската блокада на нафтата е политичка уцена на Зеленски
- Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска повтори дека блокадата на нафтоводот „Дружба“ од страна на Украина е уцена на претседателот на земјата, Володимир Зеленски, насочена кон тоа да и помогне на унгарската опозициска партија „Тиса“ да дојде на власт.
Будимпешта, 3 март 2026 (МИА) – Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска повтори дека блокадата на нафтоводот „Дружба“ од страна на Украина е уцена на претседателот на земјата, Володимир Зеленски, насочена кон тоа да и помогне на унгарската опозициска партија „Тиса“ да дојде на власт.
Тој го напиша ова на својот профил на Фејсбук со објава на изјавата на генералниот директор на националната енергетска компанија МОЛ, Жолт Хернади, кој рече дека самиот нафтовод „Дружба“ не е оштетен.
- Унгарија нема да остане пасивна. Ќе ја разбиеме блокадата на нафтата и ќе го заштитиме снабдувањето на Унгарија со енергенси напиша Орбан.
Хернади наведе дека претходно бил известен оти пожарот ќе биде изгаснат и дека нафтоводот повторно ќе почне со работа за два или три дена, но дека потоа украинската страна му соопштила дека сè уште не е донесена одлука за повторно отворање на нафтоводот, што, како што рече, е тешко да се објасни како технички проблем. јт/сд/