Општина Ѓорче Петров го усвои Буџетот за 2026 година, во фокуст капиталните инвестиции и грижата за граѓаните
- Општина Ѓорче Петров го усвои Буџетот за 2026 година, кој претставува реален, одговорен и развоен финансиски план, насочен кон подобрување на квалитетот на живот на граѓаните и забрзување на локалниот развој, се наведува во соопштението од Општина Ѓорче Петров, што МИА го пренесува интегрално.
24 декември 2025
Општина Ѓорче Петров го усвои Буџетот за 2026 година, кој претставува реален, одговорен и развоен финансиски план, насочен кон подобрување на квалитетот на живот на граѓаните и забрзување на локалниот развој, се наведува во соопштението од Општина Ѓорче Петров, што МИА го пренесува интегрално.
Вкупниот буџет за 2026 година изнесува приближно 1,45 милијарди денари, при што речиси 60% се наменети за капитални расходи – јасен показател за определбата средствата да се вложуваат во трајни и видливи проекти.
За капитални инвестиции се издвоени над 596 милиони денари, кои ќе бидат насочени кон:
реконструкција и изградба на локални улици и инфраструктура,
изградба и унапредување на детски градинки,
значајни инвестиции во образованието,
подобрување на јавната инфраструктура и осветлување,
развој на спортот и рекреацијата.
Образованието останува еден од клучните приоритети, со значителни капитални и тековни вложувања во училишната инфраструктура, подобри услови за учениците и поддршка на наставниот кадар.
Буџетот предвидува и зголемена поддршка за граѓаните преку субвенции, социјални мерки и трансфери, како и средства за поттикнување на локалниот економски развој.
Буџетот за 2026 година е балансиран и одржлив, изработен со строга финансиска дисциплина и јасна визија за развој на општината. Секој денар е планиран со цел да донесе конкретен резултат и долгорочна корист за заедницата.
Општината останува посветена на транспарентно управување, отчетност и континуирана работа во интерес на граѓаните.