• сабота, 14 март 2026

Општина Пустец со еколошка акција пред туристичката сезона

Општина Пустец со еколошка акција пред туристичката сезона

Пустец, 11 март 2026 (МИА) - Општина Пустец реализира еколошка акција со цел чиста и здрава животна средина, како дополнителен услов за зголемување на бројот на туристите кои ја посетуваат општината 
 
-Веќе стана традиција ние како локална власт во соработка со комуналното претпријатие,  да организираме акции за чистење на територијата на нашата преубава општина. Со тоа испраќаме порака за важноста на чистата околина, како за жителите така и за туристите кои се очекува да ја посетат нашата област во текот на туристичката сезона, рече за МИА, градоначалникот Пали Колефски. 
 
Посочи дека работниците на Јавното претпријатие за комунални услуги при Општина Пустец се на терен и работат на чистење на јавните простори.  
 
-Но, чистата средина е заедничка одговорност на сите, затоа апелирам до сите жители да придонесат за одржување на чиста и здрава животна средина.  Само заедно можеме да го одржиме Пустец чист и примамлив за секого, апелира Колефски.  
 
Додаде дека со подобрените услови, природните убавини и културно историските споменици,  со кои располага општината, и гостопримството по кои се познати Преспанци,  привлекуваат се поголем број туристи, нагласувајќи дека минатата година општината ја посетиле над 80 илјади туристи. вт/вј/ 

Фото: Општина Пустец 

 

Остани поврзан