Општина Новаци во 2026 година со буџет од 3,7 милиони евра
- Советот на Општина Новаци го донесе Буџетот за 2026 година со вкупен износ од 230,9 милиони денари или 3,7 милиони евра. Од Општината информираат дека буџетот претставува реална и развојна рамка насочена кон подобрување на квалитетот на живот на сите граѓани.
Новаци, 26 декември 2025 (МИА) - Советот на Општина Новаци го донесе Буџетот за 2026 година со вкупен износ од 230,9 милиони денари или 3,7 милиони евра. Од Општината информираат дека буџетот претставува реална и развојна рамка насочена кон подобрување на квалитетот на живот на сите граѓани.
-Со овој развоен буџет се планираат значајни вложувања во економскиот развој, инфраструктурата, заштитата на животната средина, младите, спортот, како и во сите сфери на општествено, економското и социјално живеење во Општина Новаци. Покрај големите капитални проекти кои се планирани за следната година како директна помош во вид на разни видови субвенции насочени кон нашите жители ја акцентираме одлуката донесена за прв пат со која на секој ученик во основно образование ќе му доделиме ваучер од 6.000 денари со почетокот на новата учебна година, повторно ќе објавиме јавен повик за финансиска поддршка на младите лица до 26 години за добивање на возачка дозвола – Б категорија, како и субвенции за набавка на климатизери, посочија од тамошната локална самоуправа.мт/вј/
Фото: МИА