• недела, 19 април 2026

Општина Куманово ќе добие нова официјална веб-страница, дел од процесот на дигитализација на јавниот сектор

Општина Куманово ќе добие нова официјална веб-страница, дел од процесот на дигитализација на јавниот сектор

Куманово, 24 март 2026 (МИА) - Општина Куманово ќе добие нова официјална веб-страница како дел од процесот на дигитализација на јавниот сектор, инициран преку Министерството за дигитална трансформација, информираа денеска надлежните. Проектот произлегува од јавниот повик објавен во ноември минатата година, на кој општината аплицирала заедно со останатите единици на локалната самоуправа и институции.

-Општина Куманово во ноември минатата година учествуваше на јавниот повик на Министерство за дигитална трансформација до единиците за локална самоуправа и институции од јавниот сектор за изработка на официјални веб страни. Договор за уредување на права и обврски помеѓу Министерството за дигитална трансформација и Општината беше потпишан при крајот на февруари и интензивно се работи на нова посовремена и пофункционална веб страна што ќе биде попристапна за следење на информациите од страна на граѓаните-изјави раководителот на одделение за информатичка технологија Андријана Вукановска Цветковска

Според надлежните, новата платформа треба да понуди посовремен, функционален и кориснички ориентиран пристап до информациите, со акцент на транспарентноста и достапноста за граѓаните. Веб-страницата ќе овозможи полесно следење на општинските услуги, одлуки и тековни активности, што е клучен сегмент во јакнењето на дигиталната комуникација меѓу институциите и јавноста. ам/нд/

Фото: МИА

Тагови

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан