Општина Виница потпиша договор со ПАКОМАК, втора повратна „вендинг“ машина за виничани
Виница, 24 февруари 2026 (МИА) - Општина Виница и ПАКОМАК, непрофитна компанија чија дејност е управување со отпад од пакување, ќе соработуваат во врска со реализација на втората фаза од проектот „Паметно управување со отпад од пакување во Македонија“, за што е потпишан договор помеѓу градоначалникот Митко Костадиновски и претставник на компанијата.
Потпишаниот документ предвидува поставување втора повратна „вендиг“ машина во близина на КАМ маркетот во Виница.

-Граѓаните ќе може да одлагаат пластични шишиња и алуминиумски лименки, при што за секое пакување ќе добиваат „зелени поени“ прку мобилна апликација, кои имаат парична вредност од 1,5 денари и можат да се користат како ваучери, информира виничкиот градоначалник, Митко Костадиновски.
Општина Виница активно го поддржува проектот „Паметно управување со отпад од пакување во Македонија - фаза 2“ и со свој партиципативен дел учествува во финансирање на зелените поени, со цел поттикнување на селектирање на отпадот, да се подигне еколошката свест кај граѓаните и да се намали количината на отпад на јавните површини, се наведува во соопштението од Општината. ис/вг/
фото: Општина Виница
,