Општина Битола ќе додели милион денари за боксерот Ален Рустемовски
- Предлогот на градоначалникот Тони Коњановски доаѓа по синоќешната промоција и избор на Рустемовски за „Спортист на годината“ за 2025 година што ја организираше Министерството за спорт и млади.
Битола, 30 јануари 2026 (МИА) - Општина Битола ќе додели милион денари за боксерот Ален Рустемовски за реализација на неговите подготовки за учество на Олимписки игри.
Предлогот на градоначалникот Тони Коњановски доаѓа по синоќешната промоција и избор на Рустемовски за „Спортист на годината“ за 2025 година што ја организираше Министерството за спорт и млади.
- Синоќа имавме чест заедно со секретарот на општината Борче Димитровски и претседателот на Советот Бојан Бојкоски да присуствуваме на манфестацијата „Спортисти на годината 2025“ на која двајца битолчани се закитија со престижно признание. Боксерите од Битола Адријан Рустемовски е прогласен за млад спортист на Македонија, а Ален Рустемовски избран за спортист на годината на Македонија. Со ова уште еднаш Битола покажа и докажа дека е спортски град, а изградбата на боксерската сала е вистинска инвестиција на Општина Битола, истакна Коњановски.
Општина Битола ќе продолжи и во наредниот период финансиски да го поддржува боксерот Рустемовски.
-Со еден милион денари од буџетот, Општината ќе ги поддржи неговите подготовки за обезбедување пласман на Олимписките игри, посочија од тамошната локална самоуправа.мт/са/
Фото: Општина Битола