Општата болница во Дебар работи на создавање услови за превентивни стоматолошки услуги за деца
- Во општата болница со проширена дејност во Дебар се преземаат активности да се создадат соодветни услови за обезбедување превентивни стоматолошки услуги за деца до 14 - годишна возраст, информираше денеска Мерсим Колеци, директор на дебарската болница.
Дебар, 17 февруари 2026 (МИА) - Во општата болница со проширена дејност во Дебар се преземаат активности да се создадат соодветни услови за обезбедување превентивни стоматолошки услуги за деца до 14 - годишна возраст, информираше денеска Мерсим Колеци, директор на дебарската болница.
Колеци вели дека во присуство на Сокол Довољани, како претставник на донаторот, Рефик Косоврасти, наш иселеник во САД, извршена е уплата за набавка на стоматолошки стол, стерилизатор и компресор, наменети за потребите на службата за детска и превентивна стоматологија во болницата во Дебар.
- Во наредниот период болницата во Дебар ќе изврши реконструкција и подготовка на просториите на службата за поставување на новата медицинска опрема, со цел да се создадат соодветни услови за обезбедување превентивни стоматолошки услуги за деца до 14-годишна возраст, најави директорот Колеци.
Во дебарската болница во тек се активности и за реконструкција на просторите на Брзата помош.вт/лв/
Фото: МИА/ Општа болница - Дебар