• петок, 20 февруари 2026

ОН ја повикаа Русија да ги запре нападите врз енергетската инфраструктура на Украина

ОН ја повикаа Русија да ги запре нападите врз енергетската инфраструктура на Украина

Женева, 12 февруари 2026 (МИА) - Обединетите нации ја повикаа Русија „веднаш да ги прекине“ нападите врз енергетската инфраструктура на Украина, кои оставија цели градови во темнина и без греење, и потсетија дека „нападите врз цивилната инфраструктура се забранети со меѓународното право“.

„Синоќа, Русија повторно почна масовен напад врз енергетската инфраструктура во цела Украина. Стотици илјади цивили се разбудија без електрична енергија и греење“, рече високиот комесар на ОН за човекови права, Фолкер Тирк, во момент кога Украина ја преживува најстудената зима во последните четири години.

„Нападите врз цивилната инфраструктура се забранети според меѓународното хуманитарно право. Ја повикувам Русија веднаш да ги прекине овие напади“, додаде Тирк. рп/мс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан