• среда, 15 април 2026

„Окта“ го зголемува попустот за дизел на 3 денари за литар и ја продолжува мерката до 6 април

„Окта“ го зголемува попустот за дизел на 3 денари за литар и ја продолжува мерката до 6 април

Скопје, 24 март 2026

Како одговор на тековната нестабилност на меѓународните цени, „Окта“ го продолжува попустот што им се нуди на големопродажните и на малопродажните трговци до 6 април годинава, се вели во соопштението од „Окта“, што МИА го објавува интегрално. 

Дополнително, попустот за дизелот се зголемува од 2 на 3 денари за литар и ќе стапи во сила од денес, 24 март 2026 година. Оваа доброволна иницијатива на „Окта“ има цел да им овозможи на трговците овој бенефит да го пренесат на крајните купувачи во земјата.

Трговците на големо и мало имаат целосна слобода самостојно да ги дефинираат своите цени во согласност со нивната комерцијална политика.

Со продолжувањето на мерката и засилената поддршка за дизелот компанијата повторно ја потврдува својата посветеност кон стабилноста на пазарот, сигурното снабдување и долгорочното партнерство со трговската мрежа во Република Северна Македонија.

ОКТА

Фото МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан