Одржан шампионатот во кумите, кихон, кого-кумите и фукуго
- Во деновите од викендот во Будо центарот Недеви се одржа 58. Мткф Државен шампионат во кумите, кихон, кого-кумите и фукуго
Скопје, 11.мај 2026 (МИА) – Во деновите од викендот во Будо центарот Недеви се одржа 58. Мткф Државен шампионат во кумите, кихон, кого-кумите и фукуго.
Најуспешни натпреварувачи со по две и една освоени златни медали беа:
Камелија Недев – шампион во кого-кумите и кихон за кадетки;
Матеј Мангаровски – шампион во кумите и кого-кумите за младинци;
Филип Недев – шампион во кихон и џиу ипон кумите за деца;
Тадеј Недев – шампион во кихон и кихон кумите за деца;
Георги Кокорманов – шампион во кумите за деца;
Драган Стојановски – шампион во кихон за деца;
Марија Магдалена Митова – шампион во кихон кумите за деца и
Мартина Зафировска – шампион во кихон за деца.
Шампионатот изобилуваше со низа квалитетни и интересни борби. Мн/
Фото: МКТФ