Одреден 30 дневен притвор за Анакиев за поткупот од 50 000 евра
- Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје му одреди 30-дневен притвор на приведениот директор на Државниот инспекторат за земјоделство, Васе Анакиев, кој вчера беше фатен, а денеска и формално лишен од слобода и осомничен за примање мито од 50 000 евра, како права рата од бараните 100 000..
Скопје, 20 март 2026, (МИА) -Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје му одреди 30-дневен притвор на приведениот директор на Државниот инспекторат за земјоделство, Васе Анакиев, кој вчера беше фатен, а денеска и формално лишен од слобода и осомничен за примање мито.
-Прифатен е предлогот на ЈО за определување мерка притвор во траење од 30 дена против В.А. по сите три основи, опасност од бегство, влијание врз сведоци и опасност да го повтори делото, потврдија од Кривичен суд - Скопје.
Го фатиле со обележани пари, кога од бараните 100 илјади евра од увозник, преку шпедитер – посредник земал половина од сумата за да овозможи влез на стока, за која, како што велат од Обвинителството, вршел притисок врз службеници да не биде пропуштена и да стои на граница
Мерката е определена на предлог на Основното јавно обвининителството за гонење на организиран криминал и корупција кое денеска отвори истражна постапка против државниот службеник. дј/