• среда, 15 април 2026

Одложена жрепката за завршницата на Азискиот куп 2027

Одложена жрепката за завршницата на Азискиот куп 2027

Ријад, 26 март 2026 (МИА) - Азиската фудбалска конфедерација (AFC) ја одложи жрепката за финалето на Азискиот куп во 2027 година. Настанот првично беше закажан за 11 април во Ријад.

АФЦ појасни дека одлуката за одложување на ждрепката е донесена од безбедносни причини.

Завршницата на АФЦ Азискиот куп е закажана за периодот 7 јануари - 5 февруари 2027 година во Саудиска Арабија.

Претходно, поради ситуацијата на Блискиот Исток, натпреварите од Азиската лига на шампиони исто така беа одложени. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан