Објавен речник на генерацијата З: Најчесто користени зборови
- Нешто е „кринџ“, пријателот е „делулу“, и видео станало „вирално“ - ова се само дел од изразите кои се слушаат во секојдневниот говор, и тоа главно од генерацијата З
Белград, 12 март 2026 (МИА) - Познатата инстаграм страница „Дневна доза правопис“ објави список од дваесет изрази кои младите ги користат секојдневно, а кои кај постарите генерации предизвикуваат збунетост.
Нешто е „кринџ“, пријателот е „делулу“, и видео станало „вирално“ - ова се само дел од изразите кои се слушаат во секојдневниот говор, и тоа главно од генерацијата З (средина на деведесеттите, до раните 2000-ти години.
Оваа генерација создала мешавина од англиски сленг и домашна граматика, и овие зборови постепено стануваат дел од секојдневниот говор на младите. Споменатата страница одлучила да ја реши оваа мистерија и да им објасни на „постарите“ што значат 20-те најпопуларни зборови кои се користат во секојдневниот говор, напиша порталот Телеграф. Тие објавиле мини-речник, бидејќи вистинското значење на многу од зборовите од списокот не било познато на пошироката јавност.
Значење на најчестите изрази користени од генерацијата З:
· Кринџ - чувство на непријатност предизвикано од туѓо однесување
· делулу (од delusional) - личност која има нереални или неосновани надежи
· ЕН-ПИ-СИ (NPC – non-player character) - небитна личност, личност без став и влијание
· флекс - покажување на нешто со цел да се фали, како богатство или успех
· слеј - кога некој прави нешто феноменално или изгледа особено добро
· дигиталец - личност која постојано е на телефонот и се смета за неспособна или заостаната
· риз (rizz – од charisma) - способност за флерт, харизма, личен шарм
· синовати - прочитување порака без да се одговори на неа
· краш - симпатија, личност кон која се чувствува привлечност
· хајп - голема возбуда или помама околу некоја тема, производ или содржина
· вирално - содржина која брзо се шири на интернет и социјалните мрежи
· рандом - случајно, произволно
· Пик ми (pick me) - личност која се труди да се покаже како различна или посебна за да привлече внимание од спротивниот пол
· сус (од suspicious) - сомнително, нешто што предизвикува недоверба
· сигма - самоуверен и успешен маж, со силна индивидуалност
· спојловање - претходно откривање на детали за тоа што ќе се случи во филм, серија или книга
· гејткопување - намерно криење информации за нешто што на некого му се допаѓа
· ПОВ (point of view) - користи се за да се опише одредена ситуација од перспектива на одредена личност
· Л (loss) - пораз, неуспех или бламажа
· В (win) - победа, успех, позитивен исход
По објавата имало бројни коментари. Едни посочиле дека ова е нормална појава и дека секоја генерација има свои специфични изрази кои на постарите им звучат чудно, други пак рекле дека во современата комуникација веќе се користат премногу зборови преземени од англискиот јазик и дека многу од нив звучат неприродно или чудно. мв/сд/
Фото: Пиксабеј