• среда, 18 март 2026

Обвинителите во Норвешка бараат над седум години затвор за синот на норвешката принцеза

Обвинителите во Норвешка бараат над седум години затвор за синот на норвешката принцеза

Осло, 18 март 2026 (МИА) - Норвешките обвинители побараа затворска казна од седум години и седум месеци за синот на норвешката принцеза, Мариус Борг Хоиби, во неговото судење по обвиненијата за силување, прекршоци поврзани со дрога и семејно насилство.

Доколку биде осуден, 63-те дена што веќе ги поминал во притвор треба да му бидат одземени од оваа казна, изјавија денеска обвинителите. Исто така, треба да му биде забранет контакт со поранешна девојка во период од две години.

Судењето, кое почна на почетокот на февруари, ја шокира Норвешка и привлече внимание од светските медиуми.

29-годишниот Хоиби ги негира обвиненијата за сексуален прекршок, но призна некои од другите обвинувања. мс/

фото: Архива

Остани поврзан