• сабота, 21 февруари 2026

Обамејанг: Не се среќаваш со тренер како Де Зерби секој ден

Обамејанг: Не се среќаваш со тренер како Де Зерби секој ден

Марсеј, 12 февруари 2026 (МИА) – Фудбалерот на Марсеј, Пјер-Емерик Обамејанг, се збогува со Роберто Де Зерби, кој беше отпуштен од функцијата главен тренер на францускиот клуб.

- Од искуство, знам дека не се среќава тренер како тебе секој ден. Среќно - напиша Обамејанг на социјалните мрежи.

Четириесет и шестгодишниот Италијанец го тренираше Марсеј од 2024 година. Под негово водство, тимот победи на 39 од 69 натпревари и одигра осум пати нерешено.

Оваа сезона, Марсеј има 39 бода во 21 натпревар и е на четвртото место на табелата во Лига 1. Тимот претрпе тежок пораз од 5:0 од ПСЖ во последниот натпревар. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан