Новогодишен базар во Илинден „Патека на радоста“ 2026 година
- Општина Илинден и оваа година во соработка со општествено одговорни компании подготви интересни содржини за жителите во пресрет на новогодишните празници. Од утре до 28 декември на новоизградениот парк – плоштад во н.м. Марино, под мотото „Патека на радоста“ ќе се одржи Новогодишен базар со разновидна програма за сите генерации.
Скопје, 25 декември 2025 (МИА) - Општина Илинден и оваа година во соработка со општествено одговорни компании подготви интересни содржини за жителите во пресрет на новогодишните празници. Од утре до 28 декември на новоизградениот парк – плоштад во н.м. Марино, под мотото „Патека на радоста“ ќе се одржи Новогодишен базар со разновидна програма за сите генерации.
-Базарот, под покровителство на Општина Илинден и на неколку општествено одговорни компании, ќе понуди богата и разновидна програма наменета за сите генерации. За најмладите посетители се предвидени средби со Дедо Мраз, Маша и Медо, театарски претстави, танцови настапи и магионичарски перформанси, создавајќи вистинска празнична магија, информираат од локалната самоуправа.
Истовремено, љубителите на современата музичка сцена ќе имаат можност да уживаат во настапи на едни од најпознатите македонски изведувачи: Тони Зен, Јанг Дади, Таско, Пајак, како Ди-Џеј Боно, што ветува одлична атмосфера, особено за младата публика.
-Новогодишниот базар „Патека на радоста“ не е наменет само за жителите на Општина Илинден, туку со отворена покана ги очекува и сите граѓани од околните општини, за заеднички да ја почувствуваме празничната радост и да ги прославиме новогодишните и божиќните празници во духот на заедништвото! Општина Илинден ги поканува сите жители да го посетат овој Новогодишен базар, да се дружат и забавуваат во овие празнични денови, потеницраат од локалната самоуправа.вј/
Фото: Плакат