• вторник, 21 април 2026

Ново зголемување од 7,5 проценти на платите во образованието, најави Мицкоски

Ново зголемување од 7,5 проценти на платите во образованието, најави Мицкоски

Скопје, 1 април 2026 (МИА) - Вработените во образованието ќе добијат покачување на платите за речиси 7,5 проценти - најави премиерот Христијан Мицкоски. Со ова, како што рече, од формирањето на оваа Влада досега платите во образованието се зголемени за 20-ина проценти. 

- Од денеска ќе имаме зголемување на платите во образованието, што е дел од оној колективен договор што го имаме за нови 7,5 проценти. Тоа значи дека од формирањето на оваа Влада, од ноември 2024 година до денеска, или за една и пол година, зголемени се платите на вработените во образованието - изјави Мицкоски во одговор на новинарско прашање по пуштањето во употреба на културниот дом во Гази Баба. сст/са/

Фото МИА архива

 

Остани поврзан