• вторник, 30 декември 2025

Нетанјаху се сретна со Рубио во Мар-а-Лаго

Нетанјаху се сретна со Рубио во Мар-а-Лаго

Мајами, 29 декември 2025 (МИА) - Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска се сретна со американскиот државен секретар Марко Рубио во резиденцијата на американскиот претседател Доналд Трамп во Мар-а-Лаго во Флорида.

„Беше одлична средба“, напиша Нетанјаху на „X“.

Тој треба да се сретне со Трамп во 13 часот по локално време.

Американските медиуми претходно објавија, повикувајќи се на извори од Белата куќа, дека се очекува Трамп на средбата со Нетанјаху да го покрене прашањето за ситуацијата на Западниот Брег, како и за спроведувањето на втората фаза од мировниот план за Појасот Газа.

Израелските медиуми објавија дека Нетанјаху, меѓу другото, ќе разговара со Трамп за загриженоста на Израел во врска со проширувањето на програмата за производство на балистички ракети на Иран, која беше оштетена во претходните израелски воени напади. мс/

фото: ЕПА архива

Остани поврзан