• четврток, 09 април 2026

Неопходна едукација за значењето на скрининг програмите, сметаат од „Хема-онко“, според Алиу се работи на превенција и изнаоѓање човечки и инфраструктурни капацитети и треба да се смени пристапот

Неопходна едукација за значењето на скрининг програмите, сметаат од „Хема-онко“, според Алиу се работи на превенција и изнаоѓање човечки и инфраструктурни капацитети и треба да се смени пристапот

Скопје, 7 април 2026 (МИА) - Неопходна е едукација на населението за значењето на скрининг програмите, за тоа колку е важно да бидат детектирани какви било промени во раните фази и некакви законски регулативи со кои и самите пациенти ќе бидат приморани доколку им се понуди термин, доколку го одбијат да има некаква последица како што е во светот. Ова денеска го изјави претседателот на Здружението посветено на пациенти со рак и нивни негователи „Хема-онко“, Ана Марјановиќ.

Според неа, прво треба да се едуцира населението, да се овозможат услови за секој пациент, а потоа да се воведат одредени казни.

-Доколку првите две ги немаме, тогаш не може вината да падне на населението. Во Македонија нема скрининг програми, а тоа што го имаме и за кое има повици се обиди тоа да биде скрининг програма. И тоа е нешто што треба да се промени. За да имаме скрининг програма во државата треба да бидат вклучени сите чинители на здравствениот систем, почнувајќи од МојТермин, матичните доктори, па да стигнеме до специјалистите, оние кои треба да го прават скринингот. Сериозно потфрламе во овој поглед, има некои чекори направени напред, меѓутоа за да станува збор за скрининг програми треба да имаме капацитети да го опфатиме целото население, рече Марјановиќ.

До овој момент, појасни, ние такви капацитети немаме.

- Да не зборуваме дека оваа скрининг програма не беше со повици беше со самите пациенти да се пријавуваат, па имавме пациенти кои се пријавуваа и не добиваа термини, па имавме термини кои се дуплираа и имавме пациенти кои со симптоми не можеа да влезат во скрининг програмата, се губеа во системот и мораа сами да наоѓаат термин, рече Марјановиќ. Која заедно со членки на Здружението, беше дел од акцијата за бесплатни превентивни прегледи што по повод Светскиот ден на здравјето ја организираше Здравствениот дом „Железничар“.

Во врска со скрининг програмата министерот за здравство Азир Алиу, одговарајќи на новинарско прашање пред почетокот на одбележувањето на Светскиот ден на здравјето во организација на Македонското лекарско друштво, рече дека не е задоволен од неа.

-Ако ме прашувате како човек не сум задоволен од скрининг програмата, а ако ме прашувате како министер треба да се смени или методологијата или нешто да се подобри во целиот пристап, бидејќи скрининг програмата се спроведува за превенција на здравјето на граѓаните. Но, следењето на граѓаните кои поминале низ скрининг програмата е многу битно. За жал ја немаме таа втора фаза. Затоа ќе бараме од надлежните институции во Министерството за здравство да се смени таа методологија освен скрининг програмата да има и следење на пост скрининг програмите, што е многу битен момент. Оваа година веќе ставивме уште програми во скрининг програмата во Министерството базирани на податоци, рече Алиу.

За жал, посочи, сме водечка земја со канцер на бели дробови и затоа таа програма е активна, се уште не е почната и ќе следиме резултати.

-Сега работиме на превенција, на изнаоѓање капацитети од човечка гледна точка и инфраструктурна гледна точка за да може тие детектирани граѓани да се здравствено да се процесиуираат, додаде Алиу.

Одговарајќи на новинарско прашање пред почетокот на одбележувањето на Светскиот ден на здравјето, претседателот на Македонското лекарско друштво, Горан Димитров предложи по примерот на други земји жените законски со санитетска регулација бидат опоменати да примат вакцина против рак на грлото на матката.

Посочи дека имаат многу пациентки кои доаѓаат со доцна откриен рак на грлото на матката и дека околу 65 отсто од нив се иноперабилни со развиен инвазивен рак. рп/аа/

Фото: МИА

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан