Недеви ќе одржат ИТКФ семинар во Турција
- Претстојниот викенд во Истанбул, Турција ќе се одржи меѓународен ИТКФ карате семинар наменет за тренери, судии и натпреварувачи.
Истанбул, 5 февруари 2026 (МИА) – Претстојниот викенд во Истанбул, Турција ќе се одржи меѓународен ИТКФ карате семинар наменет за тренери, судии и натпреварувачи.
Семинарот ќе го водат најдобрите македонски каратисти Венцислав Недев и Дејан Недев, а организатор на настанот е Мелек Кошар претседател на Федерацијата за традиционално карате на Турција.
Се очекува учество на голем број каратисти, пред сè од Европа и Азија, што претставува одлична можност за унапредување на знаењата, размена на искуства и зајакнување на меѓународната соработка.
Дејан Недев во декември минатата година одржа семинари во Франција и во Индија. зс/
Фото: МТКФ