• недела, 08 март 2026

НБА Ол-стар: Лилард најдобар во натпреварот за тројки

НБА Ол-стар: Лилард најдобар во натпреварот за тројки

Инглвуд, 15 февруари 2026 (МИА) – Кошаркарот на Портланд, Демијан Лилард, кој не одигра ниту еден натпревар оваа сезона додека се заздравува од скинатата Ахилова тетива, го освои натпреварот за тројки на НБА Ол-стар викендот во Инглвуд.

Лилард ја освои наградата по трет пат во последните четири години, придружувајќи им се на Лари Берд и Крег Хоџис како трикратни победници.

Во последниот круг, бекот на Блејзерс постигна 29 поени, надминувајќи ги Девин Букер од Феникс (27) и Кон Нипел од Шарлот (17).

НБА Ол-стар мечот меѓу тимот на Светот и тимот на САД е закажан за вечер со почеток во 23 часот по македонско време. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан