НБА играчите го избраа играчот МВП на сезоната
- На еден натпревар до завршувањето на регуларниот дел од НБА лигата, играчите во анонимна анкета го избраа Шеј Гилџус-Александер од Оклахома Сити за добитник на МВП наградата
Њујорк, 11.април 2026 (МИА) – На еден натпревар до завршувањето на регуларниот дел од НБА лигата, играчите во анонимна анкета спроведена од „Атлетик“ го избраа Шеј Гилџус-Александер од Оклахома Сити за добитник на МВП наградата. Во гласањето учествувале 159 кошаркари,а Гилџус-Александер добил 39% од гласовите.
На втората позиција е Никола Јокиќ од Денвер со 21,4% од гласовите.
Интересно е што третото место го поделија тројца играчи: Џејлен Браун (Бостон), Кејд Каникгем (Детроит) и Лука Дончиќ (ЛА Лејкерс) сите со 8,2% од гласовите.
Првиот на МВП листата Виктор Вембањама од Сан Антонио не успеа да влезе во изборот, ниту во ТОП 5 и се наоѓа на шестото место со 5% од гласовите. мн/
Фото: ЕПА