• сабота, 19 септември 2026

Најмалку 49 загинати и 33 повредени во вооружен напад врз сточари во Јужен Судан

Најмалку 49 загинати и 33 повредени во вооружен напад врз сточари во Јужен Судан

Џуба, 28 август 2026 (МИА) - Најмалку 49 лица се убиени, а 33 повредени во Јужен Судан откако вооружени крадци на добиток од државата Јунити на северот од земјата нападнаа сточарска заедница во соседната држава Варап, соопштија официјални лица.

Меѓуетничкото и меѓуопштинското насилство е вообичаено во Јужен Судан, каде што сточарите се судираат поради оскудните пасишта и извори на вода за нивниот добиток. Насилството е дополнително поттикнато од големата количина оружје во рацете на цивилите.

Бруталниот напад, како што го опиша министерот за информации на Варапа, Вилијам Вол Мајом Бол, започна во зори. Во округот Тонгзе Север беше нападнат камп за сточари. Тој изрази сочувство до семејствата на жртвите и повика на „воздржаност додека владите на двете земји воспостават соработка со цел да ги изведат сторителите пред лицето на правдата“.

Министерката за информации на државата Јунити, Њакенија Јоханес изјави дека напаѓачите не биле сите од државата, но додаде дека официјалните лица работат на обезбедување мирен соживот на заедниците во двата региона.

Во Јужен Судан се очекува во декември да се одржат претседателски избори, први откако стекна независност од својот северен сосед Судан во 2011 година. рп/

Фото: МИА архива