• понеделник, 19 јануари 2026

Најмалку 16 загинати во пожар во дом за стари лица во Индонезија

Најмалку 16 загинати во пожар во дом за стари лица во Индонезија

Манадо, 29 декември 2025 (МИА) – Во пожар во дом за стари лица во Индонезија синоќа загинаа 16 луѓе, соопшти локалната полиција.

Пожарот избувнал станарите на приземниот објект во градот Манадо, во провинцијата Северен Сулавеси, спиеле. Полицијата соопшти дека 15 лица изгореле, додека телото на уште една жртва не било зафатено од огнот.

Преживеаните, вкупно 15 лица, се пренесени во две болници во Манадо, а пожарникарите го гаснеле пожарот повеќе од два часа. Во спасувањето на неколку корисници на домот помогнале и соседите.

Во првичниот полициски извештај се наведува дека пожарот бил предизвикан од дефект на електричната инсталација, но локалните власти подоцна изјавија дека причините сè уште се истражуваат. јт/

Фото: Х скриншот

Остани поврзан