• недела, 15 март 2026

Саем на домашни и природни производи „Од рурално до урбано“ во Јавна соба

Саем на домашни и природни производи „Од рурално до урбано“ во Јавна соба

Скопје, 14 март 2026 (МИА) - Домашни и природни производи, лековити билки и традиционални вкусови од рурална Македонија ќе бидат дел од саемот „Од рурално до урбано“ што ќе се одржи денеска во Јавна соба во Скопје.

Билкилајф-Центар за хербализам, туризам и одржлив развој го организира настанот кој има за цел да ги приближи руралните производители до урбаната публика, создавајќи простор за промоција на локалното производство, традиционалните знаења и одржливите практики поврзани со лековитите билки и земјоделските производи.

Посетителите ќе имаат можност да откријат и дегустираат природни производи, лековити и ароматични билки, природна козметика, мед, земјоделски преработки, вино, ракија и рачно изработени производи инспирирани од природата.

Саемот се реализира во рамките на проектот „Со лековити билки до одржливо земјоделство и рурален развој“, со цел да се зајакне врската помеѓу руралното производство и урбаните потрошувачи и да се поттикне поголема поддршка за малите локални производители.ар/нд
Фото:Блкилајф

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан