• сабота, 16 мај 2026

Седници на три собраниски комисии

Седници на три собраниски комисии

Скопје, 4 мај 2026 (МИА) - Во Собранието за денеска се најавени седници Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика, Комисијата за образование, наука и спорт, како и Законодавно правната комисија.

На Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика ќе се расправа за Предлог на закон за младински додаток и за Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за индустриски-зелени зони, двата во првио читање.

На дневен ред на Комисијата за образование, наука и спорт е Предлог на закон за основање на Факултет за медицински науки и здравство во состав на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, во прво читање.

Членовите на Законодавно правната комиија ќе ги разгледуваат Предлог на законот за изменување на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, Предлог на законот за младински додаток и Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за индустриски-зелени зони, сите во прво читање. сст/са/

Фото МИА архива

 

Остани поврзан