• сабота, 21 февруари 2026

Пуштање во употреба на новата специјална опрема за депонијата Русино

Пуштање во употреба на новата специјална опрема за депонијата Русино

Скопје, 19 февруари 2026 (МИА) - Министерството за животна средина и просторно планирање денеска организира промотивен настан по повод официјалната презентација и ставање во употреба на новоиспорачаната специјална опрема за депонијата Русино во рамките на Регионалниот проект за управување со цврст отпад.

Како што информира, станува збор за инвестиција вредна 1.114.200 евра, финансирана преку заем од Европската банка за обнова и развој.

На настанот се очекуваат обраќања на високи владини и претставници од ЕБРД, Амбасадата на Швајцарија, како и од локалната самоуправа. мч/ац/

фото: МИА архива

Остани поврзан