Промоција на прекуграничниот ЕУ-проект „Крушево и Елбасан - патување во природа и авантура“ и отворање на Светското јуниорско првенство во параглајдинг
- За медиумите и за гостите ќе биде организирана посета на новоизграденото полетувалиште за параглајдинг „Црн Врв“, каде што ќе се изведе и првиот официјален демонстративен лет.
Скопје, 24 август 2026 (МИА) - Во Крушево денеска ќе биде промовиран прекуграничниот ЕУ-проект „Крушево и Елбасан - патување во природа и авантура“ и ќе биде отворено Светското јуниорско првенство во параглајдинг.
Промотивниот настан за проектот „Крушево и Елбасан - патување во природа и авантура“ е поддржан од ЕУ во рамките на програмата за прекугранична соработка меѓу Северна Македонија и Албанија. Како што е најавено, ќе се обратат градоначалникот на општина Крушево, Нико Чонески, претставници на Делегацијата на Европската Унија и на Министерството за локална самоуправа, како и проектниот менаџер Елизабета Ѓоргиевска.
Во рамките на настанот ќе биде отворена и натпреварувачката програма на Светското јуниорско првенство во параглајдинг - „Крушево 2026“, на кое ќе присуствуваат претседателот на Светскиот параглајдинг-куп, Горан Димишковски, и делегација од општина Елбасан.
За медиумите и за гостите ќе биде организирана посета на новоизграденото полетувалиште за параглајдинг „Црн Врв“, каде што ќе се изведе и првиот официјален демонстративен лет. мч/са/
фото: МИА архива