• петок, 20 февруари 2026

Промоција на првите акредитирани учебници по психијатрија - „Психијатрија“ и „Медицинска психологија и социологија“

Промоција на првите акредитирани учебници по психијатрија - „Психијатрија“ и „Медицинска психологија и социологија“

Скопје, 19 февруари 2026 (МИА) - Во Деканатот на Медицинскиот факултет денеска ќе бидат промовирани првите акредитирани учебници по психијатрија - „Психијатрија“ и „Медицинска психологија и социологија“. 

Авторскиот тим на учебникот „Медицинска психологија и социологија“ го сочинуваат проф. д-р Димитар Боневски, невропсихијатар, проф. д-р Славица Арсова Хаџи-Анѓелковска, психијатар, проф. д-р Антони Новотни, невропсихијатар и виш научен соработник, Андромахи Наумовска, специјалист по медицинска психологија. Уредници на учебникот „Психијатрија“ се проф. д-р Димитар Боневски, проф. д-р Славица Арсова Хаџи-Анѓелковска и проф. д-р Антони Новотни.

- Како први акредитирани учебни изданија од оваа област, овие дела создаваат стабилна основа за едукација на идните лекари и специјалисти, но и за натамошно јакнење на стручните капацитети во здравствениот систем - наведува Универзитетската клиника за психијатрија. мч/ац/

фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан